еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“, се сослушуваат сведоци на Обвинителството

Со сослушување на сведоци, предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.

Судскиот предмет „Титаник“ е еден од првите случаји отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), меѓутоа иако е изминат голем период од почетокот на постапката судењето се уште е во фаза на изведување докази.

Од вкупниот број на вербални докази предложени од Обвинителството до крај на ова фаза свој искази се очекува да дадат уште 50-тина сведоци.

Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Според обвинението како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица.

Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на Европскиот совет, Мишел во Охрид ќе се сретне со Пендаровски

Редакција

Намален бројот на позитивни на Ковид-19 за 29,5% во однос на минатата недела

Редакција

Максим Ацевски предложен за главен државен ревизор

Редакција