Во четвртото тримесечје од 2021 година, во споредба со претходниот квартал, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.3 проценти, за материјали за 2.1 процент, а трошоците за вработените за 2.8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2021 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2020 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 17,9 проценти, трошоците за материјали за 23 проценти и трошоците за вработените за 8.1 процент.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.
Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.