еМагазин
Image default
Забава

Проф. м-р Јасмина Трајческа обележа 20 години концертна дејност

Проф.м-р Јасмина Трајческа со концерти во Гевгелија и Битола, во рамки на проектот „Балканска рапсодија„ го обележа јубилејот – 20 години концертна дејност.

Со овој проект се одбележаа и 30 години самостојност на Македонија.

На концертите имаше македонска премиера на делата на македонската композиторка Билјана Бојовиќ, виолончелист и композитор, која живее и твори во Калифорнија: „Се уште тука„, „Три балкански танци„ и “Крстен вход“ (циклус за пијано), како и делото на Џорџ Гершвин, „Рапсодија во сино„, оригинален и единствен аранжман за пијано напишан од Гершвин.

Проектот „Балканска рапсодија“ се реализираа со поддршка на Министерството за култура, Општина Гевгелија и Општина Битола.

Биографија на Јасмина Трајческа

Трајческа е родена во Прилеп, каде што го завршува основното музичко училиште во класата на наставник В.Кочоска.

Своето школување го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје во класата на проф. Н. Среброва, а додипломски и постдипломски студии завршува  на ФМУ – Скопје во класата на проф.м-р Валери Стефановски.

Учесник е на многубројни мастер класи во класата на еминентни професори: М. Келер, К.Богино, С.Богино, В.Огарков, А.Диев и др.

Добитник е на многубројни награди на меѓународни и на интернационални натпревари, меѓу кои: International piano competition Giovani talenti Rovere Doro – Сан Бартоломео ал маре, Италија, DINO CIANI Вербаниа Интра, Милано, Италија, JUPITER – Џенова, Италија, International competition Interfest – Битола, Македонија, Втор меѓународен конкурс „Димитар Ненов“, Разград, Бугарија, Државниот натпревар по пијано во Скопје, Македонија, итн.

Трајческа има богата концертна дејност  и има одржано полурецитали и рецитали на летните академии во Пиран (Р.Словенија), Варна (Бугарија), на фестивалот Musica di laguna Choggia (Италија), на официјалното отворање на новото пијано YAMAHA C9  во Гросупље (Словенија), а исто така има добиено покана како специјален гостин солист на Фестивалот EUROCHESTRIES CHARANTE MARITIMES во Бордо (Франција), како и реализација на културен престој во Париз, учество на фестивалот Makarska summer во Макарска (Хрватска), многубројни настапи на фестивалот „Прилеп, град на културата“, на манифестацијата „Прилепско културно лето“, на проектот „Рапсодија за Скопје“ и на проекти за концерти за камерна музика – флејта и пијано, концерт во Брно на ЈАМУ, Р.Чешка, концерт во Љубљана во концертната сала на Глазбена Матица, концерт на покана на фестивалот ИМАГО СЛОВЕНИЈАЕ во Љубљана…

Работи како редовен професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј”-Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бред Пит наполни 55 години: Почна во реклама за Левис, заврши како секс-симбол

Редакција

(Видео) Џенифер Лопез разголена со секси танц предизвика воздишки на социјалните мрежи

Редакција

(Видео) Петар Грашо во „Еден на Еден“: Јас одговарам за сѐ, а Данијела за ништо

Редакција