еМагазин
Image default
Бизнис

Бројот на исплатени штети зголемен за 15%, осигуреници наплатиле 31,5 милиони евра

Осигуреници наплатија 35.163 штети од осигурителните компании во првите шест месеци годинава.

Тоа е за 15 отсто поголем број на исплатени штети за неживотно осигурување во однос на истиот период лани, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

„Во првите шест месеци годинава 11 осигурителни компании за неживотно осигурување на осигуреници исплатиле вкупен износ на штети од 1,94 милијарди денари (31,5 милиони евра).

Тоа е 20 отсто повеќе од првите шест месеци во 2020 година, покажуваат официјалните податоци на АСО.

Најголем раст на бројот на исплатени штети во овој период е регистриран кај приватното здравствено осигурување – класа со највисок раст во периодот на здравствената пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19.

Во периодот јануари – јуни годинава се исплатени 9.144 штети покриени со договори за осигурување и тоа е за 68 отсто поголем број исплатени штети во однос на истиот период лани.

За првите шест месеци осигуреници од покритија за приватно здравствено осигурување наплатиле 92,6 милиони денари (1,5 милиони евра),“ се вели во соопштението.

Кај осигурувањето на имот, најголема класа доброволно осигурување според вредноста на вложувањата во полиси, за шест месеци се исплатени 4.022 штети. Тоа е за 3 отсто повеќе од истиот период во претходната година.

По основ на тие штети осигурениците наплатиле 292,1 милиони денари (4,75 милиони евра).

„Кај најмасовната доброволна класа – осигурувањето од незгода за првите шест месеци се исплатени 3.573 оштетни побарувања и тоа на исто ниво во однос на лани. Вредноста која осигурителните друштва ја платиле на осигуреници изнесува 249,4 милиони денари (4,05 милиони евра).

По основ на каско осигурување за моторни возила реализирани се исплати за 3.661 штета или 3 отсто помалку од лани. За овие штети компаниите на осигурениците исплатиле 224,1 милиони денари (3,6 милиони евра).

Очекувано најголем број на исплатени штети има кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Исплатени се 13.603 штети, што е 19 отсто повеќе од истиот период во 2020 година.

Вредноста на исплатените штети во оваа осигурителна класа за овој период изнесува 875,9 милиони денари (14,24 милиони евра),“ се додава во соопштението.

АСО е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави приходи лани оствариле телевизиите 24 Вести, Наша и Сонце

Редакција

Стратешко проширување на портфолиото на Галеника и раст на меѓународното деловно работење

Редакција

Договорен увоз на пченица и од Бугарија

Редакција