еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Руската рубља е повеќе погодена од украинската хривња – граѓаните ја плаќаат цената преку обезвреднување на своите заштеди и плати

Војната не и носи ништо добро на ниту една страна, но во овој случај руската рубља е повеќе погодена од украинската хривња, пишува проф. Дејан Трајковски во анализата за курсот на доларот, руската рубља и украинската хривња.

„На дијаграмот го гледаме процентуалното намалување на курсот на руската рубља (RUB – темно сината линија) и украинската хривња (UAH – светло сината линија) наспроти американскиот долар во изминатиот месец. Веќе извесен период двете валути беа во извесно слабеење, но последниве денови рубљата забележува резок пад.

Во основа, со „печатење“, односно креирање пари државата ги покрива своите обврски, односно ја финансира војната. Практично граѓаните работаат „ангарија“, а исплатени се со безвредна хартија.

На тој начин се предизвикува инфлација, а населението е страната која всушност ја плаќа цената преку обезвреднување на своите заштеди и плати. Веќе видена појава во разни воени, предвоени и поствоени состојби во светот.

За да ги спасат своите заштеди, граѓаните купуваат цврста странска валута и на тој начин го зголемуваат притисокот за обезвреднување (депресијација) на домашната валута. Така земјата често завршува во хиперинфлација, ако месечната стапка на инфлација надмине 100%, а често и многу повеќе.

По завршувањето на војната државата нема никакви обврски, но населението е многу осиромашено.

Ова обезвреднување може да биде и само почеток. Доколку воените дејствија не завршат за еден месец, ќе започне експоненцијално намалување на курсот на рубљата и обратно – експоненцијален раст на курсот на доларот во однос на рубљата (реципрочен дијаграм на прикажаниот).

Растот на цената на доларот може да потсети на растот на корона бројките при избувнување на епидемијата,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Руската рубља драматично паѓа, Русите панично вадат пари од банкоматите

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за култура раскинало договори вредни 1,147 милион евра

Редакција

Мермерен комбинат објави став на Одборот на директори за понудата за преземање од Долит Инвестментс

Редакција

Денарот и банкарскиот систем се стабилни, инфлацијата ќе се стабилизира годинава, велат од „Стандард и Пурс“

Редакција