еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во септември 37.876 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2023 година, изнесува 37.876 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, изнесува 116.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8%), Јавна управа и одбрана, Задолжително социјално осигурување (24.8%), Снабдување со вода, Отстранување на отпадни води, Управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.8%), Образование (10.9%), Јавна управа и одбрана, Задолжително социјално осигурување (9.1%).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Колони возила на Богородица за влез во Грција

Редакција

Пецовски: Воената криза и инфлацијата креираат големи предизвици, но мора да ги прифатиме како реалност и да ги менаџираме

Редакција

Раст на прометот на Македонската берза во јуни

Редакција