еМагазин
Image default
Техно

Прва македонска апликација Challenger и награди за „зелени“ километри за чист воздух

Доаѓа зимата и повторно ќе дишеме позагаден воздух во Скопје, затоа треба да размислиме што можеме ние да направивме за тоа да се намали.

Колку и да изгледа безнадежно, сепак група млади граѓани креираат прва македонска мобилна апликација наречена Challenger која ќе ви постави предизвик да пешачите и возите велосипед по локалните улици и да бидете наградени, а со тоа да не користите автомобил и да придонесете за намалување на загадувањето.

„Ние сме Challenger, првата македонска мобилна апликација која сака да направи регионално влијание преку наградување на луѓето кои што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици. Факт е дека живееме во најзагадениот град во Европа.

Сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аерозагадувањето, ние одлучивме да бидеме дел од тоа решение – а не дел од проблемот. Со нас, секој поминат километар пешки или на велосипед – се брои, на принципот колку повеќе километри, толку повеќе Challenger поени кои ти носат попусти и награди.

Challenger поставува и дневни, неделни и месечни предизвици. Дополнително сите се натпреваруваме и меѓусебно се мотивираме, а најважно од се создаваме и градиме од граѓаните за граѓаните подобро општество и животна средина„ велат од Challenger.

Преку апликацијата Challenger можеш да станеш вистински СУПЕР ХЕРОЈ благодарение на твоите зелени километри, кои намалуваат стотици отпадни гасови во воздухот што сите го дишеме.

„Сакаме нашите корисници и бизнис партнери да се вклучат кон заедничко градење на подобра заедница. Челинџер не е само апликација, туку е платформа за градење на заедница во која граѓаните и корпоративниот сектор меѓусебно се поддржуваат и инспирираат, со една заедничка цел – да придонесат за чист воздух а со тоа и здраво општество,“ додаваат од Challenger.

Challenger апликацијата ќе биде лансирана до крајот на годината, до тогаш креаторите на апликацијата упатуваат апел до сите компании директно да се вклучат за да заедно сите да ги создаваме промените.

Младите ентузијасти Теодора, Олга, Стефан и Митко, Challenger, со својата бизнис идеја се едни од победниците на регионалниот натпревар Philanthropy for Green Ideas на кој, во конкуренција со националните победници од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора се натпреваруваа и македонските национални победници на АРНО натпреварот за зелени бизнис идеи.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

A1 Cyber Backup, напредна услуга за сајбер заштита на податоци 

Редакција

А1 Македонија го постави „СМАРТ езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција”

Редакција

Сезоната на подарување е отворена: Samsung Galaxy Watch 46mm на подарок со купување на одредени уреди

Редакција