еМагазин
Image default
Забава

Првиот Винопедиа вински настан ќе се оддржи на 12 септември

Со цел пошироката јавност да се запознае со институциите и тимот кои ја подготвуваат Винопедиа, македонската винска енциклопедија во соработка со винскиот бар и ресторан The House Скопје започнува серијал од вински настани со дегустации на македонски вина и храна.

Првиот Винопедиа вински настан ќе се оддржи во вторник на 12 септември од 12 до 22 часот.

На настанот гостите и винските ентузијасти ќе можат да дегустираат македонски вина од различни реколти и винарии во комбинација со македонски млечни и сувомеснати производи, закуски и специјалитети од храна.

Винопедиа винските дегустации и настани со различни приказни ќе се одвиваат секој вторник до крајот на годината.

За Винопедиа

Македонија е прва земја на Балканот во која на иницијатива на приватниот секотор е започната подготовка и создавање на македонска винска енциклопедија Винопедиа на македонски и на англиски јазик во дигитална и печатена форма.

Проектот и иницијативата за издавањр на винска енциклопедија е во соработка со три релевантни научно-образовни институции и тим од професори, доктори на науки и останати соработници.

„Ретки се земјите низ светот кои располагаат со винска историја, култура, традиции и обичаи како Македонија и македонската територија. За жал само дел од историја со археологија на винска култура и вински патишта се соодветно истражени, документирани и познати за домашната и светската јавност.

Фактот што изминатиот период винската култура и индустрија во Македонија се развива и обновува забрзано, допринесува винариите да се здобиваат со се повеќе домашни и странски корисници и љубители на македонски вина. Винскиот туризам полека завзема се позначајна и влијателна улога во развој на руралниот туризам.

Сето ова не поттикна да ги започнеме оваа иницијатива и проект со цел и задача да ја потврдиме, овековечиме, запишеме и промовираме познатата и непозната винска историја со богата култура и ризница од традиции и обичаи поврзани со одгледувањето и производството на вино вклучително и бројните вински патиштата низ нашата македонска територија,“ велат од Винопедиа.

Винопедиа претставува прв и единствен во моментов активен проект за создавање на македонска винска енциклопедија на македонски и англиски јазик кој претставува референтен извор на информации за винската индустрија и култура во Македонија и македонските територии на Балканот.

Винопедиа на едно место ги документира, архивира и промовира богатството на винската култура и традиција низ историјата на Македонија и македонската територија, обезбедувајќи консолидација и унифицираност на архивски, археолошки и други достапни историски и акуелни информации со детален опис на различни аспекти на винската индустрија од сорти на винова лоза до начини на одгледување, преку различни нивоа на производствени процеси за вино до начини, традиции и адети на конзумирање на вино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љума и Даут ја добија престижната награда на ASC: Нов успех за „Медена земја“

Редакција

Премиера на „Диви и среќни“ во македонските кино-сали

Редакција

Картите за меѓународниот танц натпревар „Dance off“ од денес во пред-продажба

Редакција