еМагазин
Image default
Забава

Картите за меѓународниот танц натпревар „Dance off“ од денес во пред-продажба

Постојат историски докази дека луѓето танцувале уште пред 15.000 години. Ако се земе во предвид дека во музиката и танцот се наоѓа вистинскиот извор на среќа не е тешко да се воочи зошто тој е во сржта на човечкиот дух со милениуми.

50-на млади од студијата „Break a leg“, „Eat the beat“ и „Aqua dance club“ покажаа дека не секогаш треба да има причина за танц и дека тоа може да се прави од искрена радост. Тие само со еден звучник го исполнија Сити мол со позитивна енергија. Случајните минувачи пуштаа песна по сопствен избор и младите танцуваа на истата.

Оваа нивна герила акција е во склоп на нивната кампања за зголемување на интересот и значењето на танцот, посебно кај младите. Тие со секое свое делување сакаат директно да им покажат на луѓето дека од танцувањето имаат големи физички, социјални и здравствени придобивки, но и дека со танцот откриваат нови јазици за меѓусебно разбирање и дружење.

Оваа герила акција беше реализирана од организаторите на меѓународниот танц натпревар „Dance off“ кој ќе се одржи во Скопје на 15, 16 и 17 ноември во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“. Картите за натпреварот од денес се во пред-продажба и може да се најдат во студијата „Break a leg“ на ул. Венјамин Мачуковски бр. 1А и „Eat the beat“ на ул. Бел Камен бр. 9, двете во Скопје.

Повеќе инфо може да се најде на: facebook.com/danceoff.macedonia.

Во 2018 „Dance off“ имаше над 4.500 учесници од Норвешка, Данска, Русија, Германија, Полска, Чешка, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија, Хрватска, Словачка, Италија, Австрија, Србија, Естонија, Грција, Унгарија, Бугарија, Молдавија и Турција.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Отец Пимен текстописец и продуцент за песна на „ПЛЕТ“

Редакција

(ВИДЕО) „На Велигден“ од дома со Џокси и хорот „Мирче Ацев“

Редакција

(Видео) Бомбакис распука со Позитива: Песната премиерно на YouTube од 18:00 часот денеска

Редакција