еМагазин
Image default
Локално

Пукал на семејна веселба во двор

На 05.04.2021 околу 19 часот во с.Матка, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(51) од с.Матка, информира МВР.

Кај него при преглед бил пронајден пиштол „берета“ калибар 9 мм, а според пријавеното пукал со пиштолот и организирал семејна веселба во својот двор, спротивно на прописите за заштита од Ковид-19.

„По претходна пријава, во дворот од неговата куќа полициски службеници извршиле контрола, при што биле затекнати двајца музичари и поставени маси.

Поради сомнение дека постапиле спротивно на препораките за заштита од Ковид-19 од слобода биле лишени и Е.С.(22), од с.Матка, И.Ј.(56) од с.Камењане, тетовско, Ш.Р.(52) од Скопје и Ф.А.(28) од с.Србиново, гостиварско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Играле“ нож и секира во тепачка пред казино во Кочани

Редакција

Тешко повреден градежен работник по пад од скеле високо 30 метри

Редакција

Полицаец спаси жена која сакала да си го одземе животот со фрлање во Крушевското езеро

Редакција