еМагазин
Image default
Локално

Пукотници кај границата со Албанија: И бегал на полицијата преку гробишта со ќеса полна марихуана

На 16.04.2019 година во 20.30 часот, кај гробиштата во с. Спас, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Блато“ забележале лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете, информира МВР.

Полициските службеници издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата. Биле испукани и неколку предупредувачки истрели во воздух, но лицето преминало на територија на Република Албанија.

Подоцна, во кесата биле пронајдени две пакувања со марихуана со тежина од околу два килограми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хаос во Пехчево: Приведен беровчанец кој сакал да запали кафана

Редакција

Разбојници му зеле мобилен во Градскиот парк во Скопје

Редакција

Раководството на градинката „Буба Мара“ треба да го расветли случајот со дрското однесување на негувателка

Редакција