На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, од Основното јавно обвинителство беа презентирани видео снимки и слики поврзани со „Пулс“, кои покажуваат дека во објектот и пред кобната ноќ, како што веќе кажаа повеќе сведоци на претходните рочишта, се користеле огномети.
Како што е веќе познато токму тие се главната причина за настанувањето на пожарот.
Па, така, од Обвинителството меѓу друго презентираа видео од 2019 година на кое се гледаат шишиња со прскалки меѓу гостите, а и коментар на социјалните мрежи од самата т.н. дискотека која се фалела со огнометите.
На денешното рочиште беше повикана и Брза помош, бидејќи еден од обвинетите не се чуствувал добро.
Денеска имаше и реакција од родителите на загинатите во пожарот дека на претходното рочиште еден од родителите на загинато дете, бил исфрлен од судницата поради негова реакција, и побараа истото да важи и за адвокатите на обвинетите, кои според родителите, постојано во текот на судењето се надвикувале и ги провоцираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најголем дел од загинатите во „Пулс“ починале од задушување со јаглерод моноксид
Пиротехниката беше опасно блиску до гостите, кажа сведок на судењето за „Пулс“
Инспекторка кажа оти не го контролирала “Пулс“ оти работел под нова фирма
Фото: Игор Бансколиев














