Со премиерот на Албанија, Еди Рама на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане го пуштивме во употреба One-stop-shop, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук профил.
„Со овој концепт овозможуваме благосостојба на нашите граѓани во Северна Македонија и Албанија, посилни економски партнерства и поефикасна соработка меѓу компаниите.
Со One-stop-shop придонесуваме и за забрзан регионален економски раст и развој, повисок степен на хармонизација на граничните контроли и поуспешно откривање на нелегални прекугранични активности.
Со концептот на интегрирано гранично управување исполнуваме уште една обврска од проектот за интеграција на Северна Македонија и Албанија, како на регионално така и на европско ниво. Ние промовираме европски вредности и практики како придонес кон наше што побрзо членство во Европската Унија,“ напиша Ковачевски.
Фото: Влада