еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Путин наскоро може да биде обвинет за воени злосторства во Хаг, вели поранешен специјален пратеник на САД за воени злосторства

Рускиот претседател Владимир Путин може да биде обвинет од Меѓународниот кривичен суд во Хаг мошне скоро, за два до три месеци, изјави за Си-ен-ен Дејвид Шефер, поранешен специјален пратеник на САД за воени злосторства.

Според него, сите индиции говорат дека руските сили во Украина се вовлечени во акции на егзодус на населението со планирано уништување на цивилни објекти, станбени домови и убиства на граѓани.

На пример, тоа е случај со градот Мариупол, каде цели населби се срамнети со земја, а завчера таму беше ракетирана и болница со породилен дом.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко фото) Загинатите цивили во Мариупол ги закопуваат во масовна гробница

(Вознемирувачко видео) Голема материјална штета од нападот на детската болница во Мариупол

Американските набљудувачи судбината на овој град во југоисточна Украина ја споредуваат со постапките на руската власт во Алепо, град во Сирија кој во 2016 година беше срамнет со земја откако Башар Асад ја повика руската авијација на помош.

-Путин сигурно знае што се случува на теренот, но не презема мерки злосторствата да запрат, или доколку тој не знаел за тоа, да нареди одговорните генерали да бидат казнети. Затоа тој сноси директна одговорност за убиствата на цивили во Украина, изјави Шефер.

Според украинските власти, од воената агресија на Русија во земјата досега загинале околу 1.300 цивили, стотина од нив деца.

Како што стојат работите, Меѓународниот кривичен суд може да донесе одлука за Путин и некои негови генерали мошне скоро, „за два до три месеци“, изјави Шефер.

На прашање што ќе се случи откако рускиот претседател е обвинет за воени злосторства, Шефер одговори дека економските санкции против Русија нема да бидат укинати се додека Путин и генералите не се предадени на судот во Хаг.

-За да се укинат санкциите треба да се случат две работи. Руската војска треба да се повлече од Украина и земјата ги врати својата територија и суверенитет. Второ, Путин и обвинетите генерали да бидат предадени на Хаг.

Тој додаде дека е невозможо санкциите да бидат укинати ако не се исполнат тие услови.

-Токму ова се случи на Балканот, со Милошевиќ, Караџиќ, Младиќ. Србија беше под санкции се додека тие не беа предадени на судот. И сметам дека ниту САД, ниту Канада нема да толерираат укинување на санкциите додека тие (Путин и генералите) не бидат предадени, изјави Шефер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украинците создадоа дрон што фрла Молотови коктели направени од пиво

(Вознемирувачко видео) Русите првпат ги нападнаа Днипро и Луцк

МИА/Фото: Руска влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за млади и спорт склучи договор со „Конструктор“ вреден 1,3 милион евра

Редакција

Нови 124 случаи на Ковид-19 од 1.209 тестови, 22 се реинфекции

Редакција

Што пишува во биографијата на Фатмир Битиќи, старо-новиот вицепремиер за економски прашања

Редакција