еМагазин
Image default
Македонија

Расте бројот на пациенти кои се на кислородна поддршка во штипскиот ковид-центар

Во штипскиот ковид-центар секојдневно се зголемува бројот на пациенти, кои се на кислородна поддршка. Во овој центар, во кои се лекуваат пациенти од целиот исток на постојана кислородна поддршка се вкупно 56 пациенти.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека потрошувачката на кислород е голема и таа деновиве е над 800 литри. Сите пациенти кои се во модуларната болница се на кислородна поддршка, во овој објект пополнети се 47-те болнички кревети, а на Инфективното одделение имаат исто така 47 пациенти. Здравствениот персонал се грижи и медицински третман дава на вкупно 94 пациенти.

– Веќе бараме начин и деновиве ќе го реализираме со тоа што ќе обезбедиме резервоар за кислород, кој ќе се приклучи на централниот довод во модуларната болница. Медицинскиот кадар е веќе исцрпен, не само поради тоа што секојдневно ја води битката и се спасуваат човечки животи, тие мора и на раце да ги растовараат и внесуваат боците со кислород, вели Ѓеорѓијев.

Тој денеска го честита Денот на здравствените работници. Забележа дека и годинава ќе нема свеченост, бидејќи лекарите, медицинските сестри, техничари, болничари и хигиеничари се на своите работни места. Благодарниците и наградите на тие кои заминуваат во пензија или слават јубилеји ќе им бидат врачени поединечно.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија прва земја од регионот која потпиша Договор за безбедносно и одбранбено партнерство со ЕУ

Редакција

Нови 162 случаи со Ковид-19 од 1.350 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

Убава вест: Оздравени 330 болни од Ковид-19

Редакција