еМагазин
Image default
Бизнис

Ребалансот на Буџетот до крајот на мај во Собранието, најавува Ковачевски

Ребалансот е во фаза на подготовка. Направени се калкулациите на расходната страна и сега се прават на приходната страна, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, според кого ребалансот на Буџетот ќе биде поднесен во Собранието најверојатно до крајот на тековниов месец.

– Во моментов се направени калкулациите на расходната страна, се прават на приходната страна и после тоа ќе може да биде поднесен ребалансот во Собранието, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на германската компанија „Маркарт“.

За мисијата на Меѓународниот моментарен фонд во земјава, Ковачевски рече дека се работи за редовна мисија.

– Тие ги гледаат перформансите на економијата, меѓутоа и подготовката на самиот ребаланс, исто како и минатата година. Министерот за финансии Бесими ги има завршено разговорите со нив, рече Ковачевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за здравствено осигурување вработува 33 службеници

Редакција

ACI го рангира охридскиот аеродром меѓу најдобрите 3 со највисок раст во Европа

Редакција

Лани загинале 15, а 93 работници биле повредени

Редакција