еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Како се пренесува и како да се заштите од новиот хепатитис којшто ги напаѓа децата

Личната хигиена, редовното миење на рацете, држењето растојание – се единствената заштита од секаков вид хепатитис, па и од новиот, непознат, којшто се шири во Европа.

Новата болест го напаѓа црниот дроб кај децата, па тешко е да се избегне, бидејќи се пренесува преку течности, т.е. капки во воздухот, а кај најмладите, превентивните мерки се речиси невозможни.

Сомнежот за првиот случај на новиот тип хепатитис, во нашето соседство, е забележан во Србија, кај деветгодишно девојче, во Институтот за мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“ во Белград.

– Децата мора да ја прифатат личната хигиена како нешто вообичаено, секојдневно и да научат да се грижат без предупредувања од возрасните. За време на пандемијата моравме да бидеме на дистанца, бидејќи Ковид-19 се пренесува преку контакт – истото важи и за аденовирусите.

Сепак, тешко е да се контролираат децата да не се доближуваат едно до друго додека зборуваат и си играат, и да ги следиме за редовно да ги мијат рацете кога се на училиште или каде било вон домот.

Родителите треба да ги предупредат и да им објаснат дека не смеат да пијат од иста чаша и дека најдобро е да јадат домашна храна, а не купена. После сѐ тоа што децата го преживеаја при пандемијата, сега би било навистина болно да ги принудиме повторно да носат маски поради аденовирусот, но некако мора да држат растојание, објаснува д-р Драган Делиќ, инфектолог-хепатолог при Клиниката за инфективни болести во Белград.

Лекарите предупредуваат дека овој вирус се пренесува и преку вода.

– Овој вирус може да се пренесе и во базен, па затоа е важно најмладите таа вода воопшто да не ја голтаат при капење. Во базените се пренесуваат бројни вируси – најчесто стомачни вируси, а тоа веќе го знаат повозрасните деца.

Одговорноста е и на оние кои ги одржуваат базените – треба редовно да се чистат, хлорираат и слично. Новиот вирус на хепатитис не може сосем да се спречи, но може да ги отстраниме сите познати опасности, нагласува д-р Делиќ.

Тој вели и дека ова не е време за паника, туку – за претпазливост.

– Не треба да се паничи, бидејќи ова не е првпат кај децата да се појавува хепатитис од непозната причина. Многу вируси го оштетуваат црниот дроб, па ова не е единствениот. Сѐ уште имаме причина да се грижиме и да внимаваме, но доколку ги следиме сите совети за превенција, нема опасност од масовно ширење на заболувањето, изјави докторот.

Можно е овој вид хепатитис да се пренесува и преку храна.

– Така се шири хепатитисот А, односно заразната жолтица, а најзагрозени се децата со хронични заболувања. Затоа децата мора да внимаваат што и каде јадат, поточно родителите да се погрижат за тоа и да имаат увид во исхраната кај своите деца, се надоврза д-р Недељко Радловиќ, педијатриски гастроентерохепатолог.

Новиот тип хепатитис досега е забележан во Ирска, САД, Израел, Холандија, Шпанија, Данска, Италија, Норвешка, Франција, Белгија, Романија, Јапонија, Канада…

Болеста особено го погодува црниот дроб кај децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Брзо и агресивно го напаѓа црниот дроб на децата“: Доктор Софијанова за непознатиот аденовирус

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Миликије Халими имала универзитетската диплома, тврди Ковачевски

Редакција

Се враќа ли Бранко Црвенковски преку свои кадри во СДСМ?

Редакција

Бугарскиот министер за надворешни работи Милков се закани со вето, во Софија протести заради претепувањето на Пендиков

Редакција