еМагазин
Image default
Македонија

Редовните прегледи и интервенции на клиниките продолжуваат, направена е поделба на црвени и зелени зони

Сите интерни клиники во склоп на Клинички центар се подготвени да примаат ковид пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа.

Министерот за здравство Венко Филипче имаше средба со директорите на Клиниките – обезбедени се 150 болнички легла и кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, но нема да изостане и тековната работа со третман на пациенти на дневна основа кои не се ковид, информираат од Министерството за здравство.

“Згрижувањето на ковид пациенти ќе биде под посебни протоколи, направена е поделба на црвени и зелени зони, односно оделени се деловите каде ќе се хоспитализираат ковид пациенти, од деловите за пациентите кои ќе имаат потреба од редовни прегледи или интервенции.

Институтот за белодробни заболувања веќе има ковид пациенти, а на располагање се ставаат и останатите интерни клиники.Клинички центар е во мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега.

Освен болнички кревети, кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, веќе е направен системот на ротација на лекари и медицински пероснал, како и распоред за дежурства како би се покриле и тековните интервенции и амбулантни прегледи со пациентите кои имаат потреба од здравствена нега на некоја од Клиниките.

Дополнително околу 180 специјализанти од внатрешноста и Скопје се враќаат во матичните Клиники со што ќе се направи реорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа“, велат од министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осумдесет отсто од регистрираните случаи со Ковид-19 биле асимптоматски, вели Караџовски

Редакција

Калајџиев за изборот на Абази: “Обвинителот што го “избраа” не го познавам, како што не ја познавав ни Катица“

Редакција

Сенатот на САД го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција