еМагазин
Image default
Македонија

Регионалните и локалните медиуми од денеска ќе штрајкуваат со прекин на програмата од половина час

Со прекин на програмата и истакнување на барањата, вечер од 19:00 до 19:30 часот, почнува штрајкот на 96 регионални и локални медуми. Ова го соопштија од Здружението на овие медиуми „Медиум објектив“, откако до вчера надлежните не им одговорија на нивните барања.

Имено, тие бараат од Владата да биде прифатено нивното барање за ослободување од 50 отсто за плаќањето на надоместокот за дозвола, кое го испратиле лани на 24 ноември, откако претходно Регулаторот обезбедил 50 отсто намалување.

-Покрај тоа, подолг временски период бараме промена на Законот за Агенцијата за визуелни и медиумски услуги (АВМУ), посебно во делот на казнените одредби каде локално радио и национална телевизија за истиот прекршок се казнуваат исто, формирање на Фонд за медиуми и дополнување на членот 102 од Законот за АВМУ, вели Димитар Мицев, претседател на „Медиум објектив“.

Според него, заради нерешање на овие проблеми многу мал дел од маркетингшкиот колач завршува кај локалните и регионални медиуми, има одлив на финансии од државата по основ на рекламирање во странски сателитски медиуми, социјални медиуми и портали, како и континуирано затворање на локални и регионални медиуми и намалување на бројот на вработените.

Получасовниот штрајк ќе трае во наредните две недели и доколку не се исполнат барањата, тогаш прекинот на програмата ќе се зголеми на еден час, а медиумите ќе престанат да ги следат активностите на челниците на локалната самоуправа и јавните претпријатија во информативните блокови и ќе ги повлекуваат екипите од прес – конференциите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието утре почнува финалето на промена на Уставот: Ќе има ли дво-третинско мнозинство?

Редакција

Иако не е регистрирана во Македонија, партијата на Курти, „Самоопределување„ ќе биде дел од изборните листи

Редакција

Убава вест: Оздравени 341 болни од Ковид-19, од Скопје 186

Редакција