еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Рекорд на Бијонсе на Греми наградите

Американската пејачка Бијонсе постави рекорд на Греми наградите откако ја освои оваа престижна музичка награда по 28. пат во женските категории.

– Многу сум почестена и возбудена, рече Бијонсе, прифаќајќи ја наградата за најдобра изведба во категоријата Ар-ен-би.

Поп-пејачката Тејлор Свифт пак, стана првата пејачка на која трипати ѝ е доделено Греми за најдобар албум. Оваа година ја доби наградата за албумот „Folklore“, којшто го сними за време на вонредните ситуации поради пандемијата на коронавирусот.

Пред тоа, само пејачите Френк Синатра, Пол Симон и Стиви Вондер беа наградени трипати за најдобар албум на годината.

Со својата 28. Греми награда, Бијонсе се изедначи со продуцентот и композитор, легендарниот Квинси Џонс. Само диригентот Џорџо Солти е награден со Греми неколкупати повеќе од нив – вкупно 31 награда.

МИА/Фото: Бијонсе/Фејсбук/Видео:Recording Academy / GRAMMYs

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата и општините скратија важни проекти за граѓаните во износ од 220 милиони евра за да ја „покријат“ кризата

Редакција

Кривични пријави за охридскиот советник од ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат

Редакција

Заврши мандатот на судијката Вангелина Маркудова: Уставен остана со 6 судии од предвидени 9

Редакција