еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Променливо облачно со температура под просекот и во наредните денови

Променливо облачно и студено време со сончеви период со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег ќе следи наредните денови.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Утре и во среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Утринските температури утре ќе се движат од минус пет до 6 степени, во среда од минус пет до три, четврток од минус шест до два, во петок во целата земја ќе бидат под нулата и ќе се движат од минус седум до минус еден, во сабота од минус четири до два степена и во недела од нула до пет степени.

Дневната темпереатура утре ќе биде меѓу два и 12 степени, во среда од три до 12, четврток од четири до 12, петок од пет до 13, сабота од 6 до 13 и недела од 6 до 14 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чавков приведен поради страв од бегство

Редакција

(Видео) Македонски навивачи жестоко ја славеа победата над Германија на улиците на Дуизбург

Редакција

Мобилна болница со 130 кревети ќе се постави до Клиниката за инфективни болести

Редакција