еМагазин
Image default
Техно

Рекордна пред-продажба на Galaxy Note10 смартфоните во Европа која го надмина бројот на продадени Note9 уреди

Пред својата десетгодишнина на своите Galaxy производи, компанијата Samsung бележи рекордна пред-продажба на Galaxy Note10 смартфоните во Европа.

Фактот што повеќето продадени уреди се Galaxy Note10+, е доказ дека корисниците повеќе сакаат поголеми и поефикасни паметни уреди. Воедно, Aura Glow е најпопуларната боја која е дел од половина од продадените уреди.

Со Cinematic Infinity екранот кој е од раб до раб, најнапредниот S Pen и најмодерната камера за снимање на прекрасни видеа и фотографирање на совршени фотографии Galaxy Note10 на корисниците им дава слобода и можност да ја изразат својата креативност, остварат своите цели и да го работат тоа што го сакаат, комбинирајќи  елегантен дизајн и моќни перформанси.

За прв пат Galaxy Note е достапен во две големини за корисниците да може да го изберат тоа што најдобро им одговара. Galaxy Note10 ја има моќта на S Pen и Cinematic Infinity екран од 6,3 инчи, додека Galaxy Note10+ и Galaxy Note10+ 5G го имаат најголемиот Note екран досега со 6.8 инчи Cinematic Infinity Display. Воедно, сите кориснички податоци кои се складирани во самите овие уреди се заштитени од Samsung Knox сигурносната платформа.

Во Note серијата за прв пат може да се најде и 5G верзијата која им овозможува на корисниците во целост да ја искористат мрежата на новата генерација за да гледаат видеа во висока резолуција, супер брзо да ги преземат и играат своите игри со високи перформанси во реално време.

„Galaxy Note серијата со години им помага на верните корисници низ цела Европа да ги остварат своите цели. Galaxy Note10 линијата им овозможува на корисниците да ја зголемат својата продуктивност и креативност на повисоко ниво. Ние сме охрабрени од позитивниот одговор на корисниците во пред-продажната фаза на Galaxy Note и Note10+ во Европа.

По претставувањето на S10 5G во февруари оваа година, продолжуваме со обезбедување на 5G мрежата преку Note серијата и други уреди за кои веруваме дека ќе го променат начинот на кој што консумираме содржини и се поврзуваме со своите пријатели и семејство“, истакнува Марк Нотон, директор на производното портфолио на Samsung Mobile Europe.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со иновативни идеи и технологии. Samsung поставува нови стандарди во  светот на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите, дигиталните куќни уреди, мрежни системи, како и решенија во сегментите со меморијата, LSI системите и LED уредите. За најновите вести ве молиме посетете ја news.samsung.com/global.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Ќе се доближи на најмало растојание до Сонцето досега: НАСА ја лансираше соларната сонда „Паркер“

Редакција

Гига забава со А1 припејд: Неверојатни 100GB мобилен интернет за само 399 денари

Редакција

А1 Македонија со едукативен настан по повод Светскиот ден на телекомуникациите

Редакција