еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Реплек АД Скопје: Позитивните резултати лани постигнати како резултат на зајакнат извоз, ќе продолжат и во следната година

Продолжува јакнењето на позициите на странските пазари и проширување на извозното портфолио на „Реплек АД“ Скопје. Минатата година „Реплек АД“ Скопје оствари раст на продажбата од 9%, информираат од таму.

Приходите од продажба на странските пазари учествуваат со 68% во вкупните приходи на компанијата остварени минатата година. Зголемувањето во овој сегмент, покрај зајакнувањето на постојните позиции на странските пазари и проширување на портфолиото се должи и на освојувањето на нови пазари, реализирани во услови на енергетска криза и отежнато движење на стоки и услуги.

Продажбата на странските пазари е исклучително важен сегмент за „Реплек АД“. Компанијата пласира дури 75% од своето производство во повеќе од 20 земји, а останатиот дел отпаѓа на домашниот пазар. Со свои производи компанијата е присутна на пазарите во Европската унија и Адриа регионот, како и на пазарите во Централна и Југоисточна Азија.

„Новата извозна стратегија на компанијата е базирана на амбициозен пробив на нови пазари и проширување на деловните активности на постојните. Промените што заедно со нашите вработени ги реализираме во нашата компанија се базирани на целосно преструктуирање, воведување на иновации и промена на одредени модели на работа.

Првите резултати се мотив да продолжиме уште посилно и искрено се надеваме дека во блиска иднина ќе создадеме уште подобри резултати кои ќе бидат значајни за нас и за акционерите, но ќе дадат и дополнителна вредност за развој на македонската економија“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек АД“ Скопје.

Приходите од продажба на домашниот пазар во текот на 2022 година се зголемени за 3%, а консолидираната добивка пред оданочување изнесува 97,9 милиони денари. Вкупните приходи од сегментот фармација кои ги оствари компанијата во текот на минатата година се зголемени за 7%.

Добивката која ја оствари компанијата минатата година бележи пад во споредба со 2021 година, што во најголема мерка се должи на зголемените цени на енергенсите предизвикани од енергетската криза, а тоа влијаеше и на зголемување на расходите за 9% во однос на претходната година.

Инвестициите во подобрување на конкурентноста на производите, преку модернизација и воведување на иновативни решенија, дополнително ќе придонесат за успешна реализација на деловните планови.

Компанијата во континуитет инвестира и во целосна модернизација и трансформација на работењето, поставувајќи нови напредни стандарди. Во таа насока, „Реплек АД“ инвестираше 43 милиони денари во фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 948.29 kWp, заменувајќи над 40% од вкупната потрошувачка на електрична енергија со обновлива сончева енергија.

Компанијата доби и А – интегрирана еколошка дозвола, што е потврда за одговорното работење, континуираниот мониторинг и намалување на влијанието врз животната средина, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бугарски новинар провоцира на протестот, нарекувајќи не „Северномакедонци„

Редакција

23-годишно лице од Гостивар почина од Ковид-19, вкупно 30 во изминатото деноноќие

Редакција

Во август и септември пораснала цената на акцијата на ОКТА, од компанијата немаат дополнителни информаци што го предизвикал растот

Редакција