еМагазин
Image default
Бизнис

Реплек со намалена добивка

Реплек АД Скопје во периодот од 1 јануари 2021 година до 30 септември 2021 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од 72.108.332 денари и бележи намалување од 34% во однос на истиот период минатата година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од 76.000.000 денари, што претставува дел од остварениот резултат на поврзаните субјекти во 2020 година (претходната година е извршена распределба на дивиденди од поврзаните субјекти на износ од 108.000.000 денари од остварениот резултат во 2019 година).

Оперативните приходи изнесуваат 81.875.163 денари и се зголемени за 15%, а оперативните расходи изнесуваат 84.566.788 денари и бележат зголемување за 21% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните приходи од продажба се зголемени за 14% во однос на истиот период минатата година.

Во поединечните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2021 до 30.09.2021 година кредитното задолжување е намалено за 23.428.575 денари, односно на 30 септември 2021 година изнесува 55.968.248 денари (на 31 декември 2020 година изнесува 79.396.823 денари)“, велат од компанијата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иван Туџаров разрешен, Билјана Несторовска-Ѓошевска избрана за член на Управниот одбор на Реплек

Душан Пецовски нов претседател на Управниот одбор на Реплек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради кризата, германските компании се фокусираат на земјите од регионот за набавка на сурови за производството – oдлична можност за македонските фирми

Редакција

Горивата поевтинуваат до денар и пол

Редакција

Фершпед во првите шест месеци со добивка

Редакција