еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Рестораните треба да го следат примерот на Етно гостилница „Три“: Прометот уплатен за лекување на Сандра

Популарниот ресторан во Крива Паланка Етно гостилница „Три“ информираше дека прометот го уплатиле за лекување на Сандра Ангеловска, за која „еМагазин“ упати апел за собирање на помош.

„Денеска на сметката на таткото на Сандра го уплативме целокупниот промет од 55.000 денари направен оваа сабота. На малата Сандра и посакуваме среќно и успешно лекување и што побргу да ја гледаме среќна и насмеана. И во иднина Етно гостилница „Три“ и „Селект кафе“ како и досега секогаш ќе помагаат таму каде што е најпотребно“, информираа од таму.

Сандра Ангеловска (13 години) од Крива Паланка боледува од тумор (sarcoma high grade). Потребна е итна операција која мора да биде извршена во странство, бидејќи во Македонија оперативниот зафат не може да биде изведен.

Веќе е договорена операција во болницата „Атлас“ во Белград каде што Сандра треба да се јави денеска и под итно да биде хоспитализрана и подложена на специјалистички лекарски третман и оперативен зафат. Само операцијата чини 12.000 евра, а има и дополнителни трошоци за испитување и сместување на Сандра и член на семејството.

Број на сметка 200 – 0022909374 – 56 Стопанска Банка

На Далибор Ангеловски (татко на Сандра) со ЕМБГ 0306982424005

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сандра (13 години) боледува од тумор, 12.000 евра се надеж за спас

фото: Фејсбук/Етно гостилница Три

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ја нема признаено Палестина, која е нападната од Израел

Редакција

За една недела 7.355 нови случаи на Ковид-19 од 35 градови

Редакција

Во Битола ќе се одржи осумчасовен музички маратон

Редакција