еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 212.201 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 460.702 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 289.305 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.044 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.282 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 501.506 дози вакцини, а ревакцинирани се 212.201 граѓани.

Со последните бројки 51% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Запленети над половина тон дрога во две полициски акции на југот од земјава

Редакција

„Не е само внесувањето на Бугарите во уставот„, Јотова објасни се што бара Бугарија за да го тргне ветото

Редакција

Убава вест: Во Дебар деветти ден нема новозаразени од коронавирусот, на лекување се уште двајца

Редакција