еМагазин
Image default
Свет

Ревакцинираните лица можат да патуваат во САД без тестирање

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска издаде ажурирани упатства според кои целосно вакцинираните граѓани можат да патуваат во САД без да бидат тестирани за коронавирус или да заминат во карантин по пристигнувањето на дестинацијата.

Претходно, ЦДЦ ги предупредуваше дури и вакцинираните дека не треба да одат на непотребни патувања, но изјави дека ќе ги ажурира упатствата откако повеќе луѓе ќе се вакцинираат и откако ќе зајакнуваат доказите за тоа каква заштита даваат вакцините.

„Секој ден доаѓаат се повеќе податоци, а упатствата се менуваат врз основа на нив“, изјави Али Кан, декан на колеџот за јавно здравје на Универзитетот во Небраска.

ЦДЦ вели дека речиси 100 милиони луѓе во САД или околу 30 проценти од населението, примиле барем една доза на антивирусната вакцина. Лицето се смета за целосно вакцинирано две недели по приемот на втората потребна доза на вакцината.

На луѓето кои не се вакцинирани, сепак, им се препорачува да избегнуваат непотребно патување.

Целосно вакцинираните лица, сепак, треба да носат маски, да држат социјална дистанца и да избегнуваат гужви, наведува ЦДЦ.

За меѓународни патувања, агенцијата наведува дека луѓето кои се вакцинирани пред заминување не треба да бидат тестирани за Ковид-19, иако тоа може да биде потребно за некои дестинации.

Вакцинираните лица се уште треба да имаат негативен тест за Ковид-19 пред да влезат во авион за САД и да бидат тестирани три до пет дена по враќањето. Тие не треба да одат во карантин.

Во внимателното упатство за патување надвор од САД, ЦДЦ посочува на потенцијално појавување на нови видови на вирусот и разликата во опфатот на вакцинацијата во различни делови на светот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД обвинува дека Русија ќе употреби хемиско оружје во Украина, Москва вели дека се шпекулации

Редакција

„Модерна“: Нашата вакцина за Ковид-19 ќе обезбеди заштита до две години

Редакција

Столтенберг за „нуклеарната реторика“ на Путин: Ќе останеме смирени и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина

Редакција