еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Риши Сунак ќе биде првиот британски премиер со индиско потекло

Риши Сунак направи спектакуларен политички камбек за да стане следниот премиер на Велика Британија, откако ривалката Пени Мордоунт се откажа од трката, пренесе ДПА.

Поранешниот британски министер за финансии денеска ја доби поддршката од конзервативните пратеници за да ја наследи Лиз Трас како лидер на ториевците и ќе влезе во Даунинг стрит помалку од два месеци откако ја загуби последната трка.

Сунак ќе биде првиот хинду премиер на Велика Британија, првиот со азиско потекло, прв кој не е припадник на белата раса и најмладиот по повеќе од 200 години на 42-годишна возраст.

Мордоунт се повлече од трката, бидејќи не успеа да ги добие 100-те номинации од ториевските пратеници, потребни до крајниот рок во 14 часот.

Со оглед на тоа што Борис Џонсон самиот се повлече, Сунак ќе стане премиер без противници и ќе избегне онлајн гласање на конзервативните членови кои минатиот месец го одбија во полза на Лиз Трас.

Тој сега има тешка задача да ја води нацијата низ економска криза што само се влоши со хаотичното наследство на Трус, која беше сменета по само шест недели на функцијата, пренесува ДПА.

Во изјавата објавена на интернет две минути пред крајниот рок, Мордоунт рече дека нејзиниот противник сега ја има нејзината „целосна поддршка”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лиз Трас поднесе оставка, месецов Британија по трет пат годинава ќе бира премиер

МИА/Фото: Сунак/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Венко Филипче или Сања Лукаревска: Кој ќе го замени Зоран Заев?

Редакција

„Срамота е вицепремиер да вози Цитроен ксара, 22 години стара„: Твитер реакции за опожареното возило кое го користел Артан Груби

Редакција

Меккензи Скот е најбогатата жена на светот

Редакција