еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Родилка со неконтролирана бременост родила мртво бебе во Клиничката болница во Битола

Родилка со неконтролирана бременост во Германија, два месеца по враќањето во Битола, вчера во ЈЗУ Клиничка болница – Битола роди мртво бебе.

Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во семејството на мајка, која и претходно имала породување со мртво бебе.

– Родилката (21 г.) беше со неконтролирана бременост во Германија, а во нашата клиничка болница се јави со вишок на плодова вода во деветтиот месец од бременоста. Бебето беше породено со „царски рез“, немалтретирано, но за жал без знаци на живот.

Разговаравме и со родилката која и претходно имала породување со мртво бебе, изјави за МИА Ивановска.

Иако станува збор за несреќен случај, сепак ќе се направи дополнително испитување на причините за смртта на бебето на родилката.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин нареди руската армија да ги стави нуклеарните сили во „специјална“ состојба на готовност

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Протестна нота на бугарскиот амбасадор најави Мицкоски

Редакција