еМагазин
Image default
Локално

Родител нападнал наставник бидејќи му го избркал детето од час

На 17.09.2018 година во 13,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје М.Н.(40) пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот во средното училиште “Методија Митевски-Брицо“ повеќе пати предупредил ученик дека го нарушувал часот со неговото однесување и од страна на М.Н. бил отстранет од час, информира МВР.

По завршување на часот М.Н. му укажал во иднина да не влегува на час ако планира да ја нарушува наставата, а ученикот почнал вербално да се заканува по што од страна на обезбедувањето ученикот бил отстранет од училиштето.

Во 12,10 часот во училишниот двор пријавителот го забележал родителот на ученикот кој го повикал да зборуваат и откако му било укажано на истиот дека неговиот син бил проблематичен физички го нападнал М.Н..

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крадци на велосипеди „фатени“ на камера: Се бара помош за идентификација

Редакција

(Галерија) Скопје во новогодишна атмосфера

Редакција

Штипскиот градоначалник апелира да се воведат Ковид координатори во фабриките и институциите

Редакција