еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Родителите можат да поднесат електронско барање за упис на новороденче

Електронски упис на новороденче за издавање извод од матична книга на родените е овозможен преку националниот портал  www.uslugi.gov.mk.

„Преку новата услуга родителите сега имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без да одат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги (УВМК).

Аплицирањето преку услугата “eID” од порталот www.uslugi.gov.mk ќе овозможи поднесување на барање за овој извод, лесно и без доцнење,“ рече министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на промоцијата на новата услуга во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” – Чаир.

Алиу порача дека дигитализацијата е единствениот начин да се промени животот на граѓаните и најави дека до крајот на годината ќе се промовираат повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот портал за е-Услуги.

-Како Министерство работиме напорно за дигитализација и дигитална трансформација на државата, каде што неодамна ја промовиравме „ДигиталнаЕра“ – новата платформа на Министерството за информатичко општество и администрација, која носи зголемување на електронските услуги за граѓаните и администрацијата, рече министерот Алиу.

Тоа, укажа, ќе значи пократко време и намалени трошоци за добивање на овие услуги, но и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер во „црвено“ за казната од 45 евра за возачот кој со „бентли“ влета на скопскиот плоштад

Редакција

Убава вест: Оздравени 572 пациенти заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје 162

Редакција

Мицкоски има здравствен проблем со колената, затоа летал со бизнис класа

Редакција