Неодамна, во издание на ТИМ-прес од Загреб, се појави романот „Азбука за непослушните“ од Венко Андоновски, во превод на македонистот Борислав Павловски.
Ова е трет роман на Андоновски во Хрватска, по „Вештица“ и „Папокот на светот“, кои го свртеа вниманието на читателите и критиката.
Андоновски е и познат македонски кроатист кој често пишува критички осврти и поговори за хрватските писатели. Затоа, „Вечерњи лист“ објави големо интервју со Андоновски, не само за романот, туку и за политичката ситуација на Балканот.
Во исто време, во Српското народно позориште во Бања Лука, Дејан Пројковски ја поставува претставата „Генетика на Глембаеви“, работена според текстот на Андоновски, а играна кај нас под наслов „Генетика на кучињата“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.