еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Романската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5 јуни 2022 година.

Според вчерашната одлука на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт orthodoxtimes.com, признавањето е под името „Архиепископија Охридска и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија“.

Порталот orthodoxtime.com пишува дека со одлуката да го признае српскиот томос, Романската црква исто како и СПЦ, ги нарушува вековните традиции во Православната црква и директно ја оспорува јурисдикцијата на Вселенската патријаршија како единствено надлежна за доделување автокефалност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 439 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Во тек е истражна постапка за гинекологот Асани, за случајот со родилката од Дебар

Редакција

Пендаровски официјално не е информиран за оставката на премиерот Заев

Редакција