еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 15 пациенти, а вкупно се лекуваaт 245

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 245 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 21 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 9 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 7 пациенти,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 148 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Палевски во потрага по адвокати, ќе биде спроведен во Кривичен за притворот

Редакција

Во државата живеат околу 500 лица со ХИВ, секој трет не го знае статусот

Редакција

36-годишен Србин пронајден мртов во стан во Скопје

Редакција