еМагазин
Image default
Спорт

Роналдо го купи шпанскиот фудбалски клуб Реал Ваљадолид

Еден од најголемите бразилски фудбалери Роналдо Назарио де Лима стана главен сопственик и претседател на шпански Реал Ваљадолид, објавено е на веб-страницата на клубот.

Поранешниот напаѓач Барселона и Реал Мадрид купи 51 отсто од акциите на клубот за 30 милиони евра и го наследи Карлос Суарез Суреду, кој ќе остане во одборот на клубот во таа улога.

Во јануари оваа година, Роналдо изрази желба да купи клуб од друга шпанска или англиска лига, но тој сепак го избра Ваљадолид.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата кои два пати го освои Мундијалот со Бразил (1994 и 2002 година), до 2016 година беше сопственик на американскиот клуб Форт Лодердејл.

Роналдо со голем успех играше во Реал Мадрид, Барселона, Интер, Милан, ПСВ и два клуба од земјата Крузеиро и Коринтијанс, каде што ја заврши кариерата.

За репрезентацијата на Бразил, тој има 98 настапи и постигна 62 гола.

Фото: AS English

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина

Редакција

Бугарската фондација “Македонија“ купила македонски фудбалски тим, тврди претседателот Стојанов

Редакција

Репрезентацијата го завршува настапот на ЕУРО 2022: Македонија загуби од Црна Гора, останува уште дуелот со Данска

Редакција