еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина

Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турнирот од светската лига што викендов се одржа во Атина. Во борбата за трето место тој го совлада претставникот на домаќините, Евангелос Сереметакис со 1-0.

Во елиминацискиот дел од турнирот Заборски забележа четири победи, но загуби во полуфиналето од Мохамед Абудабус, откако борбата заврши со резултат 3-3. Членот на скопски „Макпетрол“ се натпреваруваше во категоријата под 75 килограми.

– Среќен сум што почетокот на годината го крунисав со медал од Светската карате лига каде што се натпреваруваат најдобрите каратисти од целиот свет. Во борбата за трето место влегов сосема сконцентриран и опуштен, со оглед на мојата физичка и психичка подготвеност, а секако и познавајќи ги тактиките на мојот противник.

Ги почитувам сите натпреварувачи и противници подеднакво и секој од нас сака да стане медалист. Среќен сум што во континуитет освојувам медали од најсилните натпревари на светската карате премиер лига, изјави Заборски.

На турнирот главниот град на Грција беа пријавени делегации од 81 држава, со 1.094 спортисти.

Сениорскиот тим на „Макпетрол“ учествуваше со осум претставници во машка и во женска конкуренција. Покрај Заборски, меѓу натпреварувачите беа и Петар Спасеновски (-84 кг.), Давид Петков (-67 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.), Симона Заборска (-55 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Јована Мицовска (-61 кг.).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 568 случаи на Ковид-19 од 3.594 тестирања, активни 7.131

Редакција

Колкави трошоци имале лани Телма, Сител, Алсат М, Канал 5 и Алфа

Редакција

Иноваторот Ангелков од Кавадарци со решение за заканите за бомби во училиштата

Редакција