еМагазин
Свет

Русија се помалку ќе го користи американскиот долар

Москва ќе го намали бројот на американските хартии од вредност кои ги поседува, како одговор на новите санкции воведени од САД, изјави рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.

– Русија се повеќе ќе ја користи рубљата и други валути, вклучувајќи го и еврото, наместо американските долари во своите тргувања – истакна Силуанов.

САД воведоа нови санкции против Русија поради нејзината наводна одговорност за труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во Солзбери, Велика Британија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студија во која биле опфатени 600.000 лица покажува дека невакцинираните имаат 11 пати поголема веројатност да умрат од Ковид-19

Редакција

СЗО потврди напади на неколку здравствени центри во Украина кои предизвикале повеќе смртни случаи

Редакција

(Видео) Пукано во словачкиот премиер, ранет е и е префрлен во болница

Редакција