Руската армија тврди дека има докази за вмешаност на Пентагон во финансирање на воено-биолошки проекти во Украина.
– Руската армија доби докази во форма на документи, што потврдуваат дека Пентагон е вклучен во финансирање на воено-биолошки проекти во Украина, изјави денеска началникот на руските сили за радијациска, хемиска и биолошка заштита, Игор Кирилов.
– Веруваме дека се создадени компоненти на биолошко оружје во Украина, истакна Кирилов.
Тој покажа документ од 6 март 2015 година, со кој, според неговите тврдења, се потврдува „директната вмешаност на Пентагон во финансирање на воено-биолошки проекти во Украина“.
Кирилов наведува дека „руските сили поседуваат и документи што потврдуваат дека биолошки примероци од Украина им биле предадени на трети земји, меѓу кои Германија, Велика Британија и Грузија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медведев: Москва ќе го спречи „русофобниот заговор“ на Западот да ја распарчи Русија
МИА