еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква

Светиот синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква.

– На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси, објави на својата веб страна Руската православна црква.

Членовите на Синодот, се вели во објавата на Руската православна црква, изразија надеж дека МПЦ – ОА, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил министерот Милевски, кој поднесе оставка

Редакција

Владата најдоцна до утре вечер ќе прогласи 30 дена кризна состојба на целата територија: Што тоа значи за граѓаните?

Редакција

Од кабинетот на Пендаровски бараат Антикорупциска да ги расчисти сите сомнежи околу Еролд Муслиу

Редакција