еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

420 мини пловат во Црно Море откако се ослободени од јажиња во близина на украинските пристаништа, тврди Руската разузнавачка агенција

Главна руска разузнавачка агенција – Федералната служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека 420 мини слободно пловеле во Црно Море откако биле ослободени од јажиња во близина на украинските пристаништа.

Ова тврдење Украина денеска го отфрли како тотална дезинформација и обид да се затворат делови од морето.

Црно Море е важен трговски пат за житариците, нафтата и нафтените производи. Пристанишната управа „Новоросијск“ соотпшти дека е загрозен транспортот во западниот дел на Црното Море.

„Поради невремето пукнаа јажињата што ги врзуваа мините“, се наведува во соопштението од саботата на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ), главниот наследник на советската КБГ.

„Поради ветерот и водните струи, мините слободно пловат во западниот дел на Црното Море“, соопшти ФСБ.

ФСБ тврди дека се ослободени 420 мини и додава дека биле поставени од украинските сили.

Украина соопшти дека предупредувањето на ФСБ е погрешно и дека немаат никакви информации за мини што пловат во морето.

– Ова е целосна дезинформација од руска страна, изјави Виктор Вишнов, заменик шеф на Украинската државна поморска управа.

– Ова е направено за да се оправда затворањето на оние делови од Црното Море, што се под таканаречениот ризик од мини, вели тој.

Украинската морнарица соопшти дека има должност да обезбеди безбедносни предупредувања за својот дел од Црното Море и предупредувањето од Москва го нарече обид за информативно „пиратство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски морски мини невреме ги однесе накај Бугарија

(Видео) Руската морнарица ја гранатирашe Одеса: Жителите на градот со вреќи песок прават барикади

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најзагрозени фирми: Од утре плаќање во кеш само за сума до 500 евра

Редакција

Македонскиот пасош на 16. место во светот, помоќен е и од американскиот

Редакција

Кој беше Абу Бакр ал-Багдади, „калифот“ кој донесе смрт и ужас

Редакција