еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Руски морски мини невреме ги однесе накај Бугарија

Морските мини, поставени од руската војска на брегот на украинскиот приморски град Одеса, во водите на Црно Море, невремето ги однело и сега слободно пловат, соопшти поморската администрација во бугарскиот град Бургас.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во водите на Варна и Бургас постои потенцијална опасност за бродовите и рибарските чамци.

Бугарските власти постојано ги надгледуваат морските граници на земјата, како и курсовите на пловење на сите пловни објекти во територијалните води Црното Море.

Според поморската администрација во Бургас, мините можат да стигнат до бугарските води за 10 дена, а доколку тоа се случи, тие ќе бидат доста далеку од брегот, но сѐ уште има услови за опасност.

Гувернерот на регионот на Бургас денеска ќе се сретне со институциите за да процени како да се заштитат поморските граници на Бугарија. Подготвени се и бугарските поморски сили, но во моментов нема директна опасност за луѓето.

Бугарските власти сѐ уште немаат целосни информации за бројот и видот на мините, но, сепак, поради нивниот однос со рибарскиот сектор вчера биле цел ден во комуникација со двете големи здруженија за тие да ги предупредат своите бродови на внимателност.

– Од друга страна, има постојан контакт со Центарот за мониторинг на рибарството во Бугарија и известуваат дека времето е лошо поради невремето, објасни Христо Панајотов, извршен директор на Бугарската агенција за рибарство и аквакултура и додаде дека од тие причини во тој регион засега нема рибарски бродови и чамци.

Поморските власти во Бургас и во Варна вчера веќе упатија повик доколку видат веднаш да ги пријават сите големи тркалезни метални предмети до поморската администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Девојчето кое од скривница ја пееше „Let it go„ ја испеа украинската химна на хуманитарен концерт во Полска

(Вознемирувачко видео) Осум лица загинаа во напад на трговски центар во Киев, од „Ретровил“ не остана речиси ништо

(Вознемирувачко видео) Граната експлодира покрај луѓе кои чекаат ред во супермаркет во Карков

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе го „подбере“ ли некој конечно поглаварот на ИВЗ, Реџепи за континуирано јавно ширење омраза

Редакција

Почнува божикниот пост: Во кои денови се пости строго, а кога се дозволени масло и риба

Редакција

Поранешниот министер Миле Јанакиески и уште седум лица добија притвор од 30 дена

Редакција