еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Saatchi & Saatchi Скопје го освои регионот!

Saatchi & Saatchi Скопје, дел од Publicis Groupe Скопје и оваа година го освои CIM Forum Котор 2024, информираат од таму.

На регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Forum Котор 2024 кој се одржа од 6 до 9. јуни во Котор, Црна Гора, Saatchi & Saatchi Скопје освои шест награди меѓу кои незначајните: „Агенција на годината“ и „Кампања на годината“ за кампањата Tongue twisters (Брзозборки) за Црногорски Телеком.

Покрај овие две награди Saatchi & Saatchi Скопје, освои уште четири награди во други категории: “Надобро лансирање на нов бренд“ – Saatchi & Saatchi Skopje – „Kad će prvi?“ за НЛБ Банка Подгорица, „Најдобра интеграција на традиционални и нови медиуми“ – Saatchi & Saatchi Скопје – „Брзозборки“ за Црногорски Телеком, “Најдобра кампања со ограничен буџет“ – Saatchi & Saatchi Скопје – „Брзозборки“ за Црногорски Телеком и “Најдобра употреба на видео/мултимедиа“ – Saatchi & Saatchi Скопје – „Пројект летовање“ за Црногорски Телеком

Креативните проекти за чија реализација, Saatchi & Saatchi Скопје ја доби довербата на своите клиенти e потврда за успешната партнерска соработка и за заедничкиот успех, посочуваат од таму.

“Овие награди се значаен успех за нашата агенција, потврда за креативноста и извонредноста на тимовите, кои успешно работат за клиенти и проекти надвор од границите на нашата земја, посебно во Црна Гора и земјите од Адриатик регионот”, изјави Дејан Спиркоски, креативен директор на Saatchi & Saatchi Скопје.

Тимската работа, талентот, одличноста на агенцискиот производ и успехот на брендовите на клиентите се во фокусот на Publicis Groupe Skopje, и тоа се негува веќе повеќе од 27 години. Со континуиран напредок, иновативност во комуникациите и примената на технологии, оваа агенција е еден од креативните и комуникациски лидери во регионот, работејќи на проекти со широк опсег на комуникациски и маркетиншки специјализации, во речиси сите индустрии, велат од таму.

CIM Forum се одржува по трет пат во Котор и е регионален фестивал на кој се слави креативноста, иновативноста и извонредноста во областа на креативните индустрии, маркетингот, медиумите и комуникациите. На него присуствуваат истакнати имиња од областа на маркетингот, медиумите, уметноста и другите комплементарни креативни индустрии од Црна Гора и регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште седум пациенти заболени од корона вирусот на возраст од 50 до 82 години

Редакција

„Монтинг енергетика“ го доби тендерот на ЕСМ за ремонт во РЕК Битола вреден 825.000 евра

Редакција

Зарем некој верува дека 88 илјади Македонци зеле бугарски пасош оти се Бугари

Редакција