еМагазин
Македонија

Садик Сулејмани кандидат на Алијанса за Албанците за градоначалник на Боговиње

Алијанса за Албанците има нов кандидат за градоначалник за Општина Боговиње која досега ја водеше нивниот член Албон Џемаили. Кандидат за градоначалник ќе биде Садик Сулејмани, кој беше избран синоќа на партиското Собрание кое се одржа во Боговиње.

-Алијанса за Албанците и Алтернатива со мнозинство гласови избраа нов кандидат за градоначалник на Боговиње, Садик Сулејмани.

Актуелниот прв човек на општината Албон Џемаили му честиташе на новиот кандидат и му посака успех во кампањата, ветувајќи негова поддршка. Во пресрет на локалните избори според состојбата на терен, Алијанса за Албанците уште еднаш покажа демократска вредност, каде што секој член има право да се натпреварува, соопштија од Алијанса за Албанците.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски: Да се определат маркети за обезбедување намирници за време на викендите во Куманово

Редакција

(Видео) Заев од Конгресот на СИРИЗА: Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот

Редакција

Спасовски не ги слушнал „бомбите“ за Милошоски, се што имале во СДСМ предале на СЈО

Редакција