еМагазин
Image default
Балкан

Само 15 илјади туристи во Црна Гора во екот на туристичката сезона

Во Црна Гора во екот на сезоната престојуваат малку повеќе од 15.000 туристи што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Националната туристичка организација.

Хотелиерите и сопствениците на туристички апартмани велат дека речиси ги преполовиле цените, со цел да останат барем на позитивна нула.

Тие не очекуваат да имаат подобра заработка во остатокот од сезоната.

Во најјужниот црногорски град Улцињ, угостителите велат дека немаат ниту пет проценти од минатогодишниот промет. Стариот град не бил толку празен со децении.

Стариот град во Улцињ, инаку најпосетуваното место во текот на летните месеци, годинава е целосно пуст. Речиси никој не поминува, рестораните се празни, а во музеите нема посетители, јавуваат локалните медиуми.

МИА/Фото: rtmagazine.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата на Вучиќ победи на локалните избори

Редакција

Албанија целосно се отвора до крајот на мај

Редакција

Српските медиуми го „подбраа“ Каракачанов: „Бугаринот најстрашно ја плукна Србија!“

Редакција