еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Само во август dm дрогерие маркт реализираше донации во вредност од околу 600.000 денари

Преземањето доброволни економски, еколошки, социјални и културни обврски, кои ги надминуваат обврзувачките законски и договорни обврски, се доблести на големите компании, а токму една таква компанија во изминатиот период се искачи на пиедесталот на општествената одговорност.

Имено, станува збор за најголемиот европски дрогериски синџир, dm дрогерие маркт – компанија која, како ширум Европа, така и кај нас, е позната по бројните социјални и еколошки вложувања во заедницата, информираат од компанијата.

Филозофијата на dm гледа постојан предизвик во тоа да создаде компанија преку која ќе одговори на потребите на купувачите, ќе им понуди на луѓето кои работат заедно можности за развој и ќе дејствува како пример во заедницата. А, бројните донации и иницијативи кои ги гледаме секојдневно се само дополнителна потврда за тоа.

Само во месец август, вработените на dm дрогерие маркт посетија неколку институции, при што реализираа донации во вредност од речиси 600.000 денари.

На 24 август учениците од Посебното основно училиште ,,Д-р Златaн Сремец” од Скопје добија нов електромоторен транспортер за инвалидски колички, со кој училниците и сите останати простории од вториот кат на ова училиште станаа достапни за децата кои досега поради техничките препреки немале можност да ги посетуваат.

Два дена подоцна, на 26 август, по повод Светскиот ден на кучето компанијата посети две прифатилишта во Скопје, Здружението за заштита на животните„Happy Shelter‘‘ и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка‘‘. При оваа посета, најголемиот европски дрогериски синџир донираше 400 килограми храна за кучиња како помош за овие институции.

А првиот училиштен ден беше особено радосен за учениците од основното посебно училиште со ресурсен центар „Иднина“ од Скопје. Два нови вертикализатори, донација од dm дрогерие маркт, ја збогатија опремата на ова училиште, со кои децата со телесна попреченост ќе може  да го поминат училишниот ден во исправена положба.

„Согласно принципите на кои се темели филозофијата на dm како компанија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на општествените околности преку бројни ангажмани, проекти, донации и спонзорства насочени кон оние на кои им се најпотребни“, изјавија од компанијата.

Во изминатите 10 години постоење, dm дрогерие маркт постојано ја потврдува улогата на долгогодишен пријател на заедницата во која работи. Во деловна 2020/21 година, компанијата реализираше рекордна сума на донации во вредност од 4,8 милиони денари.

Покрај овие донации, компанијата постојано вложува и во еколошки и културни проекти, како што е најновиот еколошки проект „Пошумуваме заедно за позелено утре“, со кој се планира пошумување на нови зелени површини и долгорочно се вложува во почиста и поздрава животна средина.

Покрај ова, компанијата ќе вложи и во модернизација на опремата на јавното претпријатие „Национални шуми“, со што ќе придонесе за успешна реализација, како на овој, така и на многу други слични проекти, посочуваат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Скопско им подари на фудбалерите специјално дизајнирани лименки со нивниот потпис и број на дресот

Редакција

(Галерија) „Тиквеш“ ги претстави првите четири вина произведени на сопствениот посед во Франција

Редакција

Празничен бонус за вработените, новогодишни пакетчиња за децата и пакети за социјално ранливите групи во заедницата од Рудник САСА

Редакција