еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

За прв пат сезонава на Попова Шапка ќе има ноќно скијање

Ски-центарот Попова Шапка од утре првпат оваа сезона организира ноќно скијање на двете патеки со ски-лифтови кои имаат рефлекторско осветлување за ноќно скијање.

-Ноќно скијање ќе има во петок и сабота од 19 до 22 часот на патеките Поток 1 и Поток 2 на кои има можност за осветлување со помош на рефлектори. Цена на ски билетот за ноќно скијање е пониска од лани и изнесува 400 денари, информира Живко Алексовски, директор на ски-центарот.

Од ски-центарот апелираат скијачите, бордерите и сите посетители да ги почитуваат правилата околу користење на билетите за ски-лифтовите, каде забележале манипулации.

-Забележана е злоупотреба на ски-билетите од страна на корисниците. Само во текот на еден ден од викендот констатирана е злоупотреба на 60-на детски билети кои се користени од страна на возрасни поради што билетите се одземени.

Ве информираме дека секоја злоупотреба се санкционира и се  предвидени високи казни, се вели во известувањето од ски-центарот.

На 29 јануари почна да функционира и шестоседната жичница на Попова Шапка, а од минатата недела се намалија и цените на ски-билетите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео-Фото) Светскиот шампион во современ танц Анди заигра пред Пендаровски

Редакција

(Галерија) Почна снимањето на новиот филм на Манчевски: „Врба” е љубовен филм за денешни и дамнешни души

Редакција

Проекција на филмови и разговор со култниот режисер Желимир Жилник во Музејот на современата уметност

Редакција