еМагазин
Image default
Свет

Фејсбук блокиран во Мјанмар, поради повици за граѓанска непослушност

Новата воена Влада во Мјанмар денеска ја блокираше социјалната мрежа Фејсбук поради објавување повици за граѓанска непослушност по превратот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Чи.

Фејсбук е популарна социјална мрежа во Мјанмар, а соборената Влада комуницира со своите приврзаници на тој начин.

Мобилниот оператор Теленор Мјанмар преку соопштение потврди дека мобилните оператори и интернет провајдерите во Мјанмар добиле инструкции од Министерството за комуникации привремено да го блокираат Фејсбук.

Теленор Мјанмар, кој е дел од норвешката група Теленор, наведе дека ќе се придржува до наредбата, иако се загрижени дека со тоа ќе се нарушат човековите права.

Фејсбук исто така ја потврди оваа информација.

Група демонстранти се собраа денеска во Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, во знак на протест против преземањето на власта од страна на армијата.

Видео на Фејсбук прикажува 20-на луѓе пред Медицинскиот универзитет во Мандалај. На еден од транспарентите поставени од демонстрантите пишува: „Луѓето протестираат против воениот удар“.

Демонстрантите скандираа барања за ослободување на уапсените политички лидери.

Ова е прв протест откако армијата ја презеде власта во понеделникот.

МИА/Фото: Photo by Thought Catalog on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виролози: Отворете прозорци, пуштете го сонцето, вирусот нема крилја

Редакција

Имунитетот од вакцината на „Модерна“ ќе трае најмалку една година

Редакција

(Вознемирувачко видео) Тажни сцени од Авганистан: Луѓе паѓаат од крила на авион обидувајќи се очајно да избегаат од земјата

Редакција