еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Само за корисниците на Мтел, ексклузивен пристап до апликации mPLAY TV и Balkan Myusic

Корисниците на Мтел мобилната телефонија добиваат повеќе од само врвни телекомуникациски услуги. Новиот мобилен оператор за своите корисници овозможува и пристап до ексклузивни дигитални содржини, информираат од компанијата.

Мтел е единствениот оператор во Македонија кој што им овозможува одредени привилегии и на своите при пејд корисници, посочуваат од таму.

Оттаму, корисниците на Мтел мобилната телефонија и интернет ќе имаат можност да користат две мобилни апликации преку своите мобилни уреди – Balkan Myusic и mPLAY TV.

Сите кои уживаат во добрата балканска музика ќе бидат воодушевени од содржините достапни во апликацијата Balkan Myusic. Апликацијата има неверојатно добра музичка база од популарни изведувачи од регионот, но и пошироко, нивни албуми и хитови распоредени во жанрови: блуз, класика, денс, детски песни, електро, фолк, фанк, хипхоп, џез, метал, поп, панк, R&B, рап, реге рок, соул и останата музика во која што уживаат вљубениците во добрата песна ширум светот.

Корисниците на апликацијата меѓу останатите артисти ќе имаат можност неограничено и во било кој момент да ги преслушаат хитовите на Наташа Беквалац, Николија, Аца Лукас, Северина, Тоше Проески, Каролина Гочева и други познати музички ѕвезди од регионот.

Balkan Myusic на корисниците им овозможува и да ги изберат своите омилени изведувачи и да состават плејлисти според својот вкус за секој дел од денот или пак некоја одредена активност – прошетка, вежбање, возење или едноставно забава со добра музика.

За љубителите на одличните серии и филмови Мтел ја создаде апликацијата mPLAY TV со 22 телевизиски канали кои може да ги следите во живо. Меѓу нив се најпознатите филмски, музички и информативни канали на Балканот.

А, она што можеби најмногу ќе им се допадне на вљубениците во фантастичната регионална филмска продукција е Видео клубот во кој што на располагање за гледање во било кое време се најпопуларните регионални серии и филмови – „Беса“, „Клан“, „Убиецот на мојот татко“, „Црна свадба“.

Корисниците на апликацијата добиваат и уште една неверојатна привилегија – можност за премиерно гледање на хит сериите од продукцијата на Телеком Србија еден месец пред останата публика.

Со mSTART 14 добивате бесплатен пристап до овие апликации со редовно дополнување кредит од најмалку 299 денари месечно.

Со mSTART 20, првиот месец добивате бесплатен пристап до апликациите, а од следниот месец со редовно дополнување кредит од најмалку 299 денари месечно. Двете апликации исто така ги добивате со претплатнички договор за тарифниот модел mCONNECT L и за пакетот mBOX Trio Max.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Vero Drive – нова услуга на Веро маркетите за нарачка на производи

Редакција

Повик до млади иноватори за креирање дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост 

Редакција

Убава вест: Првата пациентка со корона вирусот денеска заминува на домашно лекување

Редакција