еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Санкции за четири правни и две физички лица за опасниот отпад во Орман

Опасниот отпад кој беше пронајден во селото Орман е на компанијата „Таб мак“ од Пробиштип, која го носела до „Рецикал еко-старт“ во Чучер Сандево.

Оваа компанија од него произведувала оловна паста што повторно се враќала назад во „Таб мак“ преку фирмата „Рецикал еко-трејд“.

Фирмата „Сатус“ го носела опасниот отпад на приватниот имот на двете физички лица.

Овие сознанија за опасниот отпад кој беше пронајден во Орман, денеска ги обелодени директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

„Иако постои меѓусебен договор меѓу „Рецикал еко-старт“ и сопствениците на парцелите на локација на приватен имот во Орман, несоодветно е транспортиран и складиран отпад кој потекнува од правниот субјект „Рецикл еко-старт“, на локација коај не е наменета за складирање на ваков отпад, односно нема добиено дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, што е казниво по закон,“ изјави Стојковски и додаде дека оваа компанија треба да го врати опасниот отпад во својот круг, во рок од 60 дена, а доби и забрана за работа од 90 дена.

За „Таб мак“ е предвидена парична казна од 88 илјади евра.

Санкции се предвидени за уште две правни и две физички лица.

Анализата на отпадот покажала дека тој содржи олово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опасниот отпад во Орман бил донесен од Пробиштип

Фото: ДИЖС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 32 лица од Ковид-19, од кои 11 во Скопје

Редакција

Собранието ги избра новите заменици министри

Редакција

60% од хоспитализираните пациенти со Ковид-19 се со претходни заболувања

Редакција