еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Карциномот на грло на матка е втор по заболување кај жените, вакцина против ХПВ е ефикасна и безбедна

Родителите се уште одбиваат девојчињата да ги вакцинираат со вакцина против хуман-папилома вирус (ХПВ), кој што е причинител на рак на грло на матка во 99,8 проценти од случаите, изјави доктор Горан Димитров, специјалист гинеколог-акушер од Клиниката за гинекологија и акушерство.

Тој потенцираше дека дека границата на појава на предракова состојба кај грлото на матката и на инвазивен рак од 33-34 години се намалува, а најмладата пациентка кај нас имала 14 години.

Годишно, од 16 до 23 на 100.000 жени заболуваат од рак на грло на матката.

Од Комисијата за имунизација не се задоволни од процентот на имунизација, и тоа се должи на како што велат, затоа што први ја воведовме ХПВ вакцинацијата.

„Цело време сериозно се работи на промовирање на оваа вакцина. Она што нѐ загрижува го покажуваат и бројките, дека немаме рамномерен опфат во нашата земја,“ рече претседателката на Комисијата за имунизација, Александра Грозданова.

Таа додаде дека нема потреба од недоверба, бидејќи вакцината не е нова, има искуство од повеќе од дваесет години и се користи во 156 земји.

„Ефикасна и бесплатна, безбедна. На родителите треба јасно да им се каже кога ја носат одлуката, дека ова инфективно заболување доведува до развој на канцер,“ подвлече Грозданова, нагласувајќи дека помеѓу женските лица од 15 до 45 години, карциномот на грлото на матката е втор, веднаш по карциномот на гради.

Грозданова информираше дека, затоа била дадена препорака да се прошири временскиот период на примање на вакцината, односно девојките до 19 години, а од следната година таква можност ќе имаат и момчињата.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Винербергер“ од Виница 120 свои вработени ги направи акционери: Уникатна новогодишна честитка

Редакција

(Вознемирувачко фото+видео) Најмалку шест лица загинаа, а 38 се повредени во експлозија во центарот на Истанбул

Редакција

Убава вест: 1.152 оздравени од Ковид-19

Редакција